Меѓу оние кои ќе бидат отпуштени има наставници, полицајци, пожарникари и комунални работници.
Задолжителната вакцинација за вработените во јавниот и приватниот сектор ја пропиша поранешниот градоначалник Бил де Блазио.
Рокот за исполнување на таа обврска помина во петокот, а оние кои не се вакцинирани сега ќе останат без работа.
„Јасно кажавме дека вработените во јавниот сектор во Њујорк мора да се вакцинираат“, изјави актуелниот градоначалник на Њујорк, демократот Ерик Адамс.
Синдикатите кои ги претставуваат вработените во јавниот сектор се обидоа да се изборат против задолжителна вакцинација и во неколку наврати го тужеа градот, но безуспешно.
Против задолжителна вакцинација протестираа и вработените.
Сепак, ова правило сè уште важи и покрај фактот што бројот на новозаразени со коронавирус опаѓа и многу земји ги укинуваат пандемичните ограничувања и задолжителната вакцинација.
Се проценува дека околу 95 отсто од 370.000 вработени во јавниот сектор во Њујорк се вакцинирани.






