Русија и Белорусија најавија дека од 10 до 20 февруари ќе одржат заеднички вежби со цел обука за одбивање напади на јужните граници на нивната алијанса.
Новото распоредување војници и планираните вежби се одвиваат во време кога тензиите меѓу Русија и Западот се високи поради руското трупање војници во близина на нејзината граница со Украина.
Западните земји ја обвинуваат Русија дека се подготвува да ја нападне Украина, додека Москва негира дека има такви планови.
Фотографиите на компанијата Максар технолоџис со седиште во САД покажуваат дека воените единици се вооружени со проектили, ракетни фрлачи и јуришни авиони распоредени во Белорусија на три локации во близина на границата со Украина.
[video:https://www.youtube.com/watch?v=_kHzZCxNGro autoplay:0]Ниту руското Министерство за одбрана, ниту белоруските воени претставници досега не ги коментираа снимките.
Руското Министерство за одбрана на 5 февруари соопшти дека испратило ракетни системи С-400 и борбени авиони СУ-25 да учествуваат во вежбите.
Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу пред вежбата посети полигон во западна Белорусија.
Минатата недела генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг ги нарече руските маневри во Белорусија најголемото руско распоредување во областа од Студената војна.






