среда, 1 април 2026

Новаја газета: Околу 40 морнари загинале, многумина се ранети во потонувањето на воениот брод „Москва“

Објавено на

часот

Сподели

Како што пренесува Би-би-си, мајката навела дека синот во телефонски повик ѝ кажал дека главниот брод на руската Црноморска флота е погоден со три проектили од копното, од територијата на Украина.

„Ми се јави и плачеше поради тоа што го видел. Беше страшно“, кажала таа и додала дека и самата се плаши што ќе мора да чека нејзиниот син да ја заврши службата.

Ѝ кажал дека нема да открива детали за тоа што го видел бидејќи било страшно, додавајќи дека многу од ранетите изгубиле екстремитети поради експлозиите. Весникот не ги именува морнарот и неговата мајка за да ги заштити.

Меѓутоа, Новаја газета објави дека има доказ дека морнарот служел на „Москва“.

Министерството за одбрана на Русија досега не соопшти дека има жртви во потонувањето, додека Украинците тврдат дека повеќе од половина екипаж загинал.

Во меѓувреме, за време на викендот, руското министерство објави снимка за која тврди дека се морнарите од бродот со командантот на руската морнарица во Севастопол.

Москва за потонувањето на бродот тврди дека се виновни пожар и невреме. Украина соопшти дека го погодила бродот со две ракети. Руското министерство за одбрана доцна на 14 април потврди дека ракетниот крстосувач „Москва“ потонал во Црно Море откако бил оштетен за време на воена операција во Украина.

Новаја газета Европа е формирана претходно во април за наводно да се одмине притисокот на Русија врз независните медиуми. Новаја газета ја прекина својата дејност во март откако на редакцијата повеќе пати ѝ се закануваа со затворање поради известувањето за војната во Украина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ