среда, 21 јануари 2026

Нова железничка несреќа во Шпанија, загина машиновозач, 37 повредени (ФОТО)

Машиновозач загина, а најмалку 37 лица се повредени во железничка несреќа во близина на Барселона.

Фото: социјални мрежи

Објавено на

часот

Сподели

Според локалните власти, воз на Родалиес удрил во потпорен ѕид што се урнал на пругата помеѓу Гелида и Сант Садурни. Несреќата се случи синоќа во 22:00 часот по локално време на линијата Р4.

Се верува дека четири лица се во критична состојба, изјави портпаролот на регионалната противпожарна служба Клауди Гаљардо за новинарите.

Единаесет амбулантни возила беа испратени на местото на несреќата во Гелида, околу 35 километри западно од Барселона, потврдија службите за итни случаи. Локалната противпожарна служба соопшти дека 35 противпожарни екипи биле испратени на местото на настанот.

Повредените се однесени во блиските болници. Поради лошите временски услови, голем дел од крајбрежните области во источна и северозападна Шпанија се под висок степен на тревога. Снежни бури беа пријавени и во шпанските Пиринеи, а силни бури беа пријавени и покрај брегот на Менорка, каде што брановите достигнаа висина од неколку метри.

Несреќата во Каталонија се случи само два дена по тешкиот судир помеѓу два брзи воза во Адамуз, Андалузија. Најмалку 42 лица загинаа во таа несреќа кога вагоните на воз што се движеше кон Мадрид излетаа од шините, преминаа на спротивната пруга и се судрија со брз воз што доаѓаше од спротивната насока.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ