петок, 12 декември 2025

Нова американска студија: Ефикасноста на засилувачката доза значително се намалува до четвртиот месец

Објавено на

часот

Сподели

Новата студија се заснова на податоци од повеќе од 241.204 посети на итните служби и 93.408 хоспитализации на возрасни со симптоми на ковид-19 во периодот од 26 август 2021 година до 22 јануари 2022 година.

Ефикасноста на вакцината е проценета врз основа на споредба на веројатноста за позитивен тест за коронавирус помеѓу вакцинирани и невакцинирани пациенти и користење статистички методи за контрола на календарската недела, географската област, со приспособување на возраста, нивото на локален пренос и карактеристиките на пациентот како што се коморбидитети.

За време на периодот кога доминира омикрон, ефикасноста на вакцината, во случај на испитаници кои барале брза помош поради симптоми слични на ковид-19, била 87 проценти во првите два месеци по третата доза, но опаднала на 66 проценти до четвртиот месец. Ефективноста на вакцината против хоспитализација била 91 отсто во првите два месеци, но паднала на 78 отсто до четвртиот месец по третата доза.

„Откритието дека заштитата што ја обезбедуваат вакцините, базирани на информациона РНК, е ослабена во месеците по третата доза од вакцината, ја зајакнува важноста од понатамошно разгледување на дополнителни дози за одржување или подобрување на заштитата“, заклучија авторите.

Говорејќи на брифингот во Белата куќа за коронавирусот во средата, главниот медицински советник на претседателот Џо Бајден, Ентони Фаучи, рече дека најверојатно ќе биде потребна четврта доза за подгрупи на луѓе со послаб имунолошки одговор, како што се постарите и имунокомпромитираните лица.

Во петокот, американската Администрација за храна и лекови (ФДА) одобри нов третман со лабораториски произведени антитела од фармацевтската компанија Лили наречен бебтеловимаб.

Лекот се администрира како интравенска инјекција и доби зелено светло за лекување на благ до умерен ковид кај лица постари од 12 години со висок ризик од тешка форма на болеста. Клиничките испитувања на овие антитела покажуваат дека тие добро делуваат против омикрон.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ