сабота, 13 декември 2025

Нов Зеланд: Демонстрантите против вакцини не беа обесхрабрени ни од циклон (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Стотици демонстранти, инспирирани од канадските конвои на возачи на камиони против здравствените мерки, играа во кал на музика која требаше да ги избрка.

Ниту понудата за преговори на британскиот пејач Џејмс Блант не успеа да стави крај на ќор-сокакот во кој се најдоа властите во Велингтон.

Вицепремиерот Грант Робертсон на телевизија изјави дека секој Новозеланѓанец има право на мирни протести, но оцени дека овие демонстрации отишле многу подалеку од тоа.

„Мислам дека реториката на овие демонстрации е многу загрижувачка… има нешто тажно, постои елемент на теорија на заговор во кој луѓето си дозволија да бидат вовлечени“, рече тој.

Следејќи го примерот на канадските возачи на камиони кои го парализираа канадскиот главен град Отава, демонстрантите од Нов Зеланд се противат на драстичните антиковид мерки воведени од владата и бараат прекин на задолжителната вакцинација за луѓето кои работат во одредени сектори како што е здравството.

Се чини дека нивната решителност се засили по полициската интервенција во четвртокот кога беа уапсени 122 лица.

Оттогаш, полицијата ги прекина апсењата, а властите се обидоа да ги обесхрабрат демонстрантите со активирање на автоматски прскалки за вода.

Уште пред да пристигне циклонот Дови, тревниците на пред Парламентот беа претворени во каллива површина.

Шефот на полицијата рече дека полицијата продолжува да ги испитува опциите за решавање на проблемот, додека претседателот на парламентот Тревор Малард преку разглас пушта музика како „Макарена“ и владини пораки до демонстрантите. Демонстрантите возвраќаат со пуштање на своја омилена музика.

Во Велингтон и во другите делови на архипелагот ветровите достигнаа брзина од 130 километри на час, а полицијата го повика населението да избегнува секакви непотребни излегувања. Бројни патишта беа блокирани поради лизгање на земјиштето, а северно од Велингтон куќите се евакуирани.

Пријавени се прекини на електрична енергија во повеќе области, а пожарникари интервенирале поради дрвја кои паднале врз куќи и далноводи, одвеани се покриви, а неколку области се поплавени.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ