понеделник, 22 декември 2025

Нов Зеланд целосно ќе ги отвори границите на 31 јули

Објавено на

часот

Сподели

Нов Зеланд ги затвори границите во март 2020 година поради пандемијата на коронавирусот.

Целосното отворање на границите кон крајот на јули доаѓа еден месец порано од претходната временска рамка на владата и значи дека сите патници на кои им е потребна виза, вклучувајќи ги туристите, работниците, семејствата и студентите, ќе можат да влезат во земјата.

Ардерн во говорот на деловниот ручек во Окленд рече дека отворањето на границите ќе помогне да се намали недостигот на квалификувани работници и да се отвори туризмот.

„Го надградуваме нашиот докажан план за обезбедување економска иднина на Нов Зеланд“, рече таа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ