сабота, 10 јануари 2026

Нов ултиматум на Москва: Предавање на борците во челичарницата за прекин на огнот во Мариупол

Објавено на

часот

Сподели

Русија им го даде новиот предлог на украинските борци кои се наоѓаат во челичарницата Азовстал во Мариупол, местото на последниот отпор во пристанишниот град на југот на државата: „Предадете се и ќе обезбедиме прекин на огнот утре во Мариупол.

Прекинот на огнот, како што соопшти руското министерство за одбрана, би почнал во среда во 14 часот по московско време, и би им овозможило на украинските борци да се предадат и да го напуштат Мариупол неповредени.

Русија и претходно денес го понуди истото, но таа понуда, како што се наведува во соопштението на руското министерство за одбрана, „ниеден украински војник не ја прифати“.

Претседателот на Украина Володимир Зеленски вети дека украинските сили во Мариупол „ќе се борат до крајот“, како и дека ќе продолжат да ги игнорираат „сите ултиматуми на Русија за предавање“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ