недела, 15 март 2026

Нов расистички испад на американската полиција: црнецот на под со лисици, белецот на кауч (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Судејќи по снимката која кружи по социјалните мрежи, тепачката ја почнало момчето со бел тен. Прв вперил прст во другиот тинејџер, прв му се внел во лице и прв го оттурнал.

Во моментот кога се појавила полицијата белецот лежел преку црното момче и го удирал (што не било возвратено).

Полицијата која дошла не можела да го види почетокот на тепачката, но не можеле да не видат дека белецот лежи врз црнецот и го удира. И покрај тоа, тие белото момче го турнале на кауч, оставајќи го мирно да гледа, додека тие 14-годишниот црнец го фрлиле на под, му ставиле лисици и го уапсиле.

Според авторот на твитот со снимката, полицајците уште половина час го држеле момчето со лисици. Белото момче во меѓувреме успеало да стане од каучот и да се исправи, без полицајците тоа да го забележат.

Белиот тинејџер не бил приведен ни по завршувањето на снимката, пишува авторот на твитот, ниту во кој било момент му биле ставени лисици.

Момчето тоа подоцна и самото го потврдило на локалните новинари, на кои им открил дека сè што му кажале полицајците било: „Остани тука“.

Како што откриваат новинарите, тој со дозвола од својата мајка им кажал дека „не можел да верува дека нему не му ставиле лисици“.

„Искрено, не сфатив зошто – дури им понудив и мене да ми стават лисици“, им кажало белото момче на новинарите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ