За време на демонстрациите против авторитарниот режим, уапсени се повеќе од 1.200 лица, според американската организација, која се потпира на мрежа на активисти во Иран и која обезбедила точни информации за време на минатите немири.
Иран веќе девет дена е потресен од национални протести, на кои се демонстрира против високите трошоци за живот и тешката економска состојба. На почеток, протестите беа првенствено организирани од трговци во Техеран, но подоцна студенти од бројни градови се придружија на протестното движење.
خوب گوش کن ۵۷. لعنت به شما pic.twitter.com/LhpgcuchDU
— Shah Iran (@iran_shah29581) January 6, 2026
Протестите се проширија на повеќе од 220 локации во 26 од 31 провинција, судирите се најинтензивни на западот од земјата, во областа Малекшахи, каде што живеат многу Курди, објави Дојче веле, додавајќи дека ситуацијата останува нестабилна, со ограничен пристап до информации поради ограничувањата на интернет и притисокот врз семејствата на жртвите.
Las protestas en Irán continúan por noveno día consecutivo. Este video es de la provincia de Ilam. pic.twitter.com/rSbYdltzOg
— Mavica (@mavica81) January 6, 2026
Иран, исто така, значително го ограничи пристапот до интернет за време на минатите масовни протести – на пример, во 2009, 2019 и 2022 година, како и за време на израелските воени напади во јуни минатата година. Понекогаш, интернетот беше целосно блокиран, а достапни беа само одредени ирански веб-страници.
Размерот на сегашните протести сè уште не го достигнал оној од 2022 година, кој беше предизвикан од смртта на младата иранско-курдиска активистка Махса Амини за време на полициски притвор.
Од март минатата година, Иран бележи стапка на инфлација од над 36 проценти, а националната валута – ријал – изгуби околу половина од својата вредност во однос на доларот, што беше причина за протестите.
Иранската влада во неделата најави финансиска помош за граѓаните во износ од околу шест евра во текот на следните четири месеци, бидејќи просечната плата во земјата е 170 евра месечно.
Врховниот духовен водач на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, ги опиша економските барања на демонстрантите како „оправдани“, но исто така предупреди дека „бунтовниците треба да бидат дисциплинирани“.
Во меѓувреме, американскиот претседател Доналд Трамп, исто така, се огласи за протестите во Иран, велејќи дека САД внимателно ги следат настаните во Иран и им се закани на властите со американска интервенција доколку продолжат насилството врз демонстрантите и убивањето луѓе.






