четврток, 11 декември 2025

Норвешкиот суд го одби барањето за помилување на масовниот убиец Брејвик

Објавено на

часот

Сподели

Неонацистот Брејвик во јули 2021 година, користејќи автомобил бомба, уби осум лица во Осло, а потоа со огнено оружје уби уште 69, главно тинејџери, во младинскиот камп на Работничката партија.

Ризикот од насилство е реален, значителен и идентичен како во времето кога Брејвик првпат беше осуден, соопшти судот во Телемарк, јавува Ројтерс.

Четириесет и двегодишниот Брејвик е осуден на 21 година затвор, што е максималната казна во Норвешка, но може да биде продолжена, ако се заклучи дека и понатаму постои загрозеност на општеството.

Брејвик имаше право да побара помилување по првите 10 години затвор, а ново барање може да поднесе една година по секое одбивање.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ