Нордиската земја, која ги укина повеќето мерки на 1 февруари, сепак ќе задржи некои ограничувања за арктичкиот архипелаг Свалбард. Новите правила се во сила од сабота наутро. „Ги укинуваме речиси сите мерки против коронавирусот“, рече премиерот Јонас Гар Сторе на прес-конференција.
„Пандемијата на коронавирусот за повеќето од нас веќе не е голема здравствена закана. Омикрон предизвикува далеку помалку сериозни болести и добро сме заштитени со вакцини“.
Норвежаните повеќе нема да мора да бидат оддалечени најмалку еден метар еден од друг или да носат маски за лице кога се во гужва. Укинувањето на овие мерки значи дека ноќните клубови и другите места за забава можат да продолжат да работат нормално. Покрај тоа, заразените лица повеќе не мора да се изолираат. Наместо тоа, се препорачува да останат дома четири дена.
Патниците кои одат во Норвешка повеќе нема да мора да ги регистрираат своите пристигнувања однапред, а владата исто така го укинува претходниот услов за доказ на негативен тест пред заминување на пат за некои посетители, како што се невакцинираните луѓе. Во Норвешка, делумно затворање беше воведено во декември заради борбата против варијантата на коронавирусот омикрон, која брзо се шири.
Посетителите на Свалбард, каде здравствените услуги се ограничени, мора да продолжат со тестирање пред и по пристигнувањето, а меѓународните чартер летови до архипелагот сè уште се суспендирани, соопшти владата.






