Тој во колумна за норвешки весник ги критикуваше САД и нивните сателити поради антируската политика по распадот на Советскиот Сојуз. Според генералот, Русија во изминатите три децении не е примена во кругот на западните држави, а реториката на земјите на Алијансата во рамки на Советот Русија-НАТО била насочена „повеќе на понижување на Москва“ отколку на дијалог.
„Исто така не памтам дека сум видел филм или серија каде Русите биле позитивци, а западните ликови негативци. Западната култура ги промовира Америка и жителите на Западна Европа како нешто апсолутно добро и притоа го негува имиџот на Русија и Русите како нешто недвосмислено зло, подло и примитивно. Ја искривуваме реалноста прикажувајќи ја Русија како главен негативец, а САД и Западот како беспрекорни заштитници на демократијата“, смета Мод.
Неговиот предлог за воспоставување на дијалог меѓу Западот и Москва е западните земји да го отфрлат конвенционалното размислување и да преговараат врз основа на меѓусебно почитување, лична дипломатија и ангажирање на сите страни.
Можеби би требало да се реформираат постоечките или да се формираат нови меѓународни институции, како и да се промени политиката на НАТО, наведува норвешкиот генерал.
„Можеби би требало НАТО повеќе да се фокусира на одбраната и да ја отвори вратата за сите, вклучувајќи ја и Русија, повикувајќи ги членките да се откажат од бази и нуклеарно оружје надвор од својата територија? Ако не почнеме да размислуваме поинаку, веројатно брзо ќе дојдеме до уште поголеми судири и војни и краткорочно и долгорочно гледано“, заклучи пензионираниот генерал.






