четврток, 12 март 2026

Њујорк тајмс: Америка потроши 11 милијарди долари во првите шест дена од војната

Првата недела од војната против Иран ги чинеше Соединетите Американски Држави повеќе од 11,3 милијарди долари, според брифингот на Пентагон до членовите на Конгресот, објави денес Њујорк тајмс.

Објавено на

часот

Сподели

Повикувајќи се на анонимни извори кои беа присутни на брифингот во вторник, весникот наведува дека бројката ги исклучува многу од трошоците поврзани со подготовката на нападот, што сугерира дека конечниот износ би можел да биде значително поголем.

Службениците на Пентагон претходно му кажаа на Конгресот дека околу 5,6 милијарди долари муниција била потрошена во првите два дена од конфликтот, што е далеку повеќе од претходните проценки.

Центарот за стратешки и меѓународни студии (ЦСИС), независен тинк-тенк со седиште во Вашингтон, ги процени трошоците за првите 100 часа од операцијата на 3,7 милијарди долари, или повеќе од 891 милион долари дневно.

Некои од тие трошоци се веќе предвидени во буџетот, но најголемиот дел – 3,5 милијарди долари – не се, забележа ЦСИС во студија објавена на 5 март.

Веб-страницата „Следење на трошоците за војна во Иран“, која ги следи трошоците на САД за војната во Иран во реално време, во четврток наутро околу 8 часот по Гринич презентираше проценка според која вкупниот износ изнесува повеќе од 17 милијарди долари.

Според таа страница, САД трошат милијарда долари дневно. Но, тие проценки не ги земаат предвид долгорочните трошоци, како што се грижата за ветераните или индиректните трошоци.

Центарот за американски напредок (ЦАП), кој ги вклучува овие индиректни трошоци во своите пресметки, процени дека трошоците за војната надминале пет милијарди долари веќе на четвртиот ден од конфликтот.

„Со сегашното темпо на операции, тринеделна војна лесно би можела да предизвика трошоци што надминуваат десетици милијарди долари“, процени ЦАП.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ