недела, 28 декември 2025

Нивото на морето во Нов Зеланд се зголемува двојно побрзо од очекуваното

Објавено на

часот

Сподели

Проекциите, кои еден експерт ги нарече „донекаде застрашувачки“, се резултат на обемна петгодишна истражувачка програма спроведена под името „НЗ си рајз“. Вклучува десетици домашни и меѓународни научници и е финансиран од владата.

Според нивните прогнози, властите имаат помалку време од очекуваното да планираат како да се приспособат на последиците од климатските промени, особено на преселувањето на луѓето што живеат покрај брегот.

Премиерката Џасинда Ардерн рече дека планирањето е во тек. Тоа вклучува прогнозирање на трошоците и буџетите за преселување на жителите од потенцијално ранливите области и за изградба на потребната инфраструктура.

Тим Наиш, професор на Универзитетот Велингтон во Викторија и член на програмата НЗ си рајз, вели дека ако глобалното ниво на морињата ќе се зголеми за околу половина метар до 2100 година, дека би можело да достигне речиси еден метар во поголем дел од архипелагот, бидејќи во исто време тоне и копното.

Ваквото сценарио би било особено погубно за населението на главниот град Велингтон, каде што до 2040 година покачувањето на нивото на морето би можело да достигне и до 30 см, а тоа се очекувало дури во 2060 година. Затоа, неговите жители секоја година би можеле да бидат изложени на големи поплави со несогледливи штети.

„Имаме помалку време да дејствуваме отколку што претходно предвидувавме“, рече Наиш. „Донекаде е страшно, но сѐ уште имаме време да дејствуваме.

Податоците од програмата покажуваат дека југоисточниот брег на понаселениот Северен остров е најизложен на раст на морето, а Окленд, кој е најголемиот град во земјата, со 1,7 милиони жители, е особено загрозен.

Се предвидува дека нивото на морето ќе расте за 50 проценти побрзо во крајбрежната област во центарот на градот и во неколку предградија, што може да има огромно влијание врз цените на куќите и осигурителните премии.

НЗ си рајз, исто така, разви онлајн-алатки за жителите и властите, кои ќе можат да ги проверуваат прогнозите за областа во која живеат поединци и ќе можат да го проценат ризикот од поплави и ерозија.

„Значи, сè уште имаме време, но веќе не можеме да седиме со скрстени раце“, рече Наиш, повикувајќи ги избраните функционери и промоторите да размислат како најдобро да се приспособат на подигнувањето на нивото на морето.

Премиерката Ардерн ги повика своите сограѓани да направат сѐ што можат за да ги намалат емисиите на стакленички гасови и да ги ограничат последиците од климатските промени. Таа потсети дека порастот на нивото на морето е последица на глобалното затоплување и топењето на глечерите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ