недела, 21 декември 2025

Николас Мадуро ја нарече добитничката на Нобеловата награда за мир, Марија Корина Мачадо, вештерка

Венецуелскиот претседател Николас Мадуро ја нарече лидерката на опозицијата и добитничката на Нобеловата награда за мир, Марија Корина Мачадо, „демонска вештерка“. Мачадо ја доби наградата „за својата неуморна борба за демократија“ во јужноамериканската земја.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Околу 90 проценти од населението ја отфрла демонската вештерка Сајоне“, рече претседателот, осврнувајќи се на одмаздољубиво суштество од венецуелските легенди, но без да го спомене името на својата противничка или нејзината неодамнешно освоена награда.

Владата во Каракас често се осврнува на Марија Корина Мачадо на овој начин.

„Сакаме мир и ќе го имаме, но мир со слобода, со суверенитет“, додаде Николас Мадуро, додека САД распоредија бродови во Карипското Море за борба против трговијата со дрога од Венецуела, обвинувајќи го шефот на државата дека води картел.

Марија Корина Мачадо ги поддржува овие маневри.

Таа ја посвети својата Нобелова награда на американскиот претседател Доналд Трамп и на венецуелскиот народ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ