„Сакам постепено да ја намалуваме воената помош во следните 10 години“, рече Нетанјаху во интервју за списанието Економист.
На прашањето дали тоа значи намалување „до нула“, тој одговорил потврдно.
Нетанјаху додаде дека, за време на неодамнешната посета, му кажал на американскиот претседател Доналд Трамп колку длабоко Израел ја цени воената помош што Америка му ја обезбедувала во текот на годините, но исто така дека Израел „созреал и развил неверојатни способности“.
Во декември, Нетанјаху објави дека Израел ќе инвестира 350 милијарди шекели (околу 110 милијарди долари) во развој на независна одбранбена индустрија за да ја намали зависноста од други земји.
Во 2016 година, САД и Израел потпишаа меморандум за разбирање кој важи до септември 2028 година и предвидува 38 милијарди долари воена помош, вклучувајќи 33 милијарди долари грантови за купување воена опрема и 5 милијарди долари за системи за ракетна одбрана.
Извозот на израелска воена опрема се зголеми за 13 проценти минатата година, пренесува Ројтерс.






