Се вели дека Макрон сакал да оствари кратка посета на Израел пред Генералното собрание на Обединетите нации, каде што се очекува Франција да им се придружи на другите западни земји во признавањето на палестинската држава.
Сепак, Нетанјаху ја услови посетата со повлекувањето на Макрон од признавањето на Палестина, што францускиот претседател го отфрли.
Макрон на 24 јули најави дека Франција ќе ја признае Палестина како независна држава. Тој рече дека формалното признавање треба да следи во септември на Генералното собрание на Обединетите нации. Макрон рече дека тоа е одговор на сè поочајната ситуација во Појасот Газа.






