недела, 21 декември 2025

Нетанјаху инсистира на сеопфатен договор за сите заложници

Канцеларијата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху одговори на извештаите дека Хамас е повторно подготвен за прекин на огнот и ослободување на заложниците во фази, нагласувајќи дека Израел инсистира на сеопфатен договор во рамки на кој сите заложници ќе бидат веднаш ослободени и ќе бидат исполнети сите услови на премиерот.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Канцеларијата на премиерот наведува дека Израел ќе се согласи на договор под услов сите заложници да бидат ослободени заедно и ако се исполнат нашите услови за завршување на војната, што вклучува разоружување на Хамас, демилитаризација на Појасот Газа, израелска контрола на областите околу Газа и воспоставување власти без Хамас и Палестинската управа, кои ќе живеат во мир со Израел“, се вели во соопштението, според Тајмс оф Израел.

Преговарачите на Хамас во Каиро оваа недела сигнализираа подготвеност да ги омекнат барањата што ги поставија минатиот месец, што доведе до неуспех во разговорите за заложниците во Доха, изјавија неименуван израелски функционер и арапски дипломат запознаен со ова прашање.

Во последните денови имаше неколку извештаи за изразената флексибилност на Хамас и неговата можна подготвеност да се врати на предлогот на американскиот претставник Стив Виткоф за 60-дневен прекин на огнот и ослободување на заложниците, според кој половина од живите заложници би биле ослободени, со можност за преговори за траен крај на војната.

Израелскиот Канал 12 во петокот објави дека Нетанјаху неодамна добил „драматичен“ документ од „професионален“ извор вклучен во преговорите, во кој се изразува подготвеноста на Хамас да постигне делумен договор, откако движењето долго време инсистираше дека ќе ослободи повеќе заложници само во замена за отворената согласност на Израел за траен прекин на огнот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ