Нетанјаху, премиерот со најдолг мандат во Израел, ги негира обвиненијата за поткуп, измама и кршење на довербата.
מסר חשוב ממני אליכם >> pic.twitter.com/EwUc8361DJ
— Benjamin Netanyahu – בנימין נתניהו (@netanyahu) November 30, 2025
Неговите адвокати во писмо до кабинетот на претседателот истакнаа дека тој сè уште верува оти судењето ќе заврши со негово целосно ослободување.
„Моите адвокати денес испратија барање за помилување до претседателот. Очекувам дека сите што ѝ посакуваат добро на земјата ќе го поддржат овој чекор“, рече Нетанјаху во кратко видео обраќање објавено од неговата партија Ликуд.
„Продолжувањето на процесот нè разделува одвнатре“, истакна тој, додавајќи дека не е можно да се сведочи три пати неделно.
Тој изрази верување дека „итното завршување на процесот во голема мера ќе придонесе за смирување на тензиите и поттикнување на општо помирување што толку многу ѝ е потребно на земјата“ и повторно порача дека не е виновен.






