„Историјата ќе го памети Албанис за тоа што е – слаб политичар кој го предаде Израел и ги напушти австралиските Евреи“, рече Нетанјаху во објава на социјалната мрежа Икс, објави Тајмс оф Израел.
Изјавата на Нетанјаху доаѓа само еден ден откако израелскиот министер за надворешни работи Гидеон Саар објави укинување на визите за престој за австралиските дипломатски претставници во Палестинската самоуправа.
Според Тајмс оф Израел, потегот беше одмазда за одлуката на Канбера да му забрани на крајнодесничарскиот пратеник од редовите на религиозниот ционизам Симча Ротман да ја посети земјата.
Австралија исто така неодамна ѝ забрани влез на поранешната министерка за правда Ајелет Шакед.
Канбера објави дека ќе ја признае палестинската држава во септември на Генералното собрание на Обединетите нации.






