вторник, 31 март 2026

Навални осуден на девет години затвор

Објавено на

часот

Сподели

Рускиот суд претходно го прогласи Навални за виновен за проневерување 4,7 милиони долари донации дадени на неговата, сега забранета, фондација за борба против корупцијата.

Во изрекувањето на пресудата, судијката Маргарита Котова кажа дека Навални извршил „кражба на имот од страна на организирана група“.

Навални е прогласен за виновен и за непочитување на судот.

Поддржувачите и колегите на рускиот опозиционер тврдат дека целиот случај е монтиран.

Навални веќе се наоѓа во казнена колонија источно од Москва каде служи затворска казна од 2 и пол години на која претходно беше осуден.

Тој беше уапсен по враќањето од Берлин каде беше на повеќемесечно лекување по наводното труење за кое го обвинува Кремљ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ