„Лудиот манијак Путин сега најбрзо ќе биде запрен од рускиот народ ако се спротивстави на војната“, порача Навални преку Инстаграм.
„И тоа е тежок маратон. Исцрпувачка борба. Со заплашувања и апсења. Но, дефинитивно не е залудна борба. Не е очаен симболичен гест“, напиша Навални.
„Морате да одите на антивоени собири секој викенд, дури и ако изгледа дека сите или си заминале или се исплашени. Вие сте основата на движењето против војната и смртта. Вие сте најважната личност на планетата“, додаде тој.
„Ви зборувам како гледач. Ниту официјалната бројка за загубите на руската армија – 498 луѓе – НИКОГАШ не беше спомната на ТВ“, напиша тој.
„Сликата за тоа што се случува, прикажана од пропагандата на Путин: речиси и да нема смртни случаи на двете страни, украинската армија се разбега, речиси да нема уништување, на некои места се населиле „банди нацисти“, но наскоро ќе бидат уништени. Украинците се среќаваат со руски тенкови со цвеќиња“, напиша Навални.
Протестната група ОВД Инфо вели дека во антивоените протести во Русија од почетокот на инвазијата биле приведени 13.908 луѓе.
Навални, кој објавува содржини на социјалните мрежи преку своите адвокати и соработници, беше уапсен во јануари минатата година во Москва, откако се врати од лекување во Германија по тешкото труење за кое го обвинува Путин. Осуден е на две и пол години затвор заради измама.






