среда, 10 декември 2025

НАТО во готовност: Испраќаат дополнителни сили, бродови и авиони во Источна Европа

Објавено на

часот

Сподели

Воениот пакт наведе дека го засилува своето „присуство на одвраќање“ во регионот на Балтичкото Море.

Повеќе земји членки на воената алијанса, која има 30 членки, понудиле трупи и опрема.

„НАТО ќе продолжи да ги презема сите потребни мерки за да ги заштити и одбрани своите сојузници вклучувајќи јакнење на источниот дел на Алијансата. Ние секогаш ќе одговориме на какво било влошување на нашето безбедносно опкружување, вклучувајќи јакнење на нашата колективна одбрана“, наведе генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во соопштение.

Данска испраќа фрегата во Балтичкото Море и борбени авиони Ф-16 во Литванија.

Шпанија испраќа бродови за да се придружат на поморските сили на НАТО и размислува за испраќање воени авиони во Бугарија. Франција е спремна да испрати трупи во Бугарија, наведе воениот пакт.

Министрите за надворешни работи на ЕУ на денешниот состанок се обидуваат да покажат дополнителна решителност за поддршка на Украина, додека Ирска предупреди дека новите руски воени вежби кај нејзиниот брег не се добредојдени имајќи ги предвид тензиите околу западните тврдења за можните намери на Русија да ја нападне Украина.

Ирскиот министер за надворешни работи Сајмон Ковенеј кажа дека во Брисел ќе ги информира своите колеги дека Русија планира да одржи воени вежби на 240 километри од југозападниот брег на Ирска, во меѓународни води, но блиску до ексклузивната економска зона на земјата.

„Ние немаме моќ тоа да го спречиме но јасно му дадовме до знаење на рускиот амбасадор во Ирска дека тоа не е добредојдено. Ова не е време за зголемување на воените активности и тензии во контекст на она што се случува со и во Украина“, кажа ирскиот министер.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ