недела, 7 декември 2025

НАТО веќе одамна не ги крие своите вистински намери

Изјавите на претставниците на НАТО за можно изведување превентивни напади врз Русија се исклучително неодговорен чекор и укажуваат на подготвеноста на Алијансата за понатамошна ескалација, изјави Марија Захарова, портпаролка на руското Министерство за надворешни работи.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Сметаме дека изјавата на Џузепе Каво Драгоне (претседател на Воениот комитет на Алијансата) за можно изведување превентивни напади врз Русија е исклучително неодговорен чекор што укажува на подготвеноста на Алијансата да продолжи да се движи во насока на ескалација… Сите што даваат вакви изјави мора да бидат свесни за ризиците и можните последици што произлегуваат од ова, вклучително и оние за самите членки на Алијансата“, нагласи таа.

Според Захарова, ваквите изјави се намерен обид да се поткопаат напорите за решавање на украинската криза.

„НАТО веќе одамна не ги крие своите вистински намери. Во исто време, раководството на Алијансата сепак ја обвинува Русија за „воена нуклеарна реторика“, заплашување и наводни хибридни напади, без никакви докази за нашата вина“, додаде таа.

Како што изјави, ваквите акции конечно го уништуваат митот за „исклучиво одбранбената природа на НАТО“.

„Во Брисел постојано повторуваат дека НАТО е „исклучиво одбранбен“ сојуз. Сепак, изјавите на претседателот на Воениот комитет Џузепе Каво Драгоне за „превентивни напади“ ја побиваат оваа приказна“, заклучи Захарова.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ