понеделник, 30 март 2026

НАТО собори балистичка ракета во Медитеранот

Балистичка ракета, за која беше утврдено дека е лансирана од Иран и влегла во турскиот воздушен простор, беше неутрализирана од воздушните и ракетните одбранбени сили на НАТО распоредени во источниот Медитеран, соопшти турското Министерство за одбрана.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Во соопштението се наведува дека се преземаат сите потребни мерки решително и без одлагање против каква било закана насочена кон територијата и воздушниот простор на Турција. Се додава дека случувањата во регионот се следат внимателно, а националната безбедност е приоритет.

„Балистичката ракета, за која беше утврдено дека е лансирана од Иран и влегла во турскиот воздушен простор, беше неутрализирана од воздушните и ракетните одбранбени средства на НАТО распоредени во источниот Медитеран.

„Се преземаат сите потребни мерки решително и без двоумење против каква било закана насочена кон територијата и воздушниот простор на нашата земја, а сите настани во регионот се следат внимателно, со приоритет даден на нашата национална безбедност“, се вели во соопштението.

Турција се заканува со воена интервенција

Турција предупреди дека би можела да започне воена интервенција во северен Ирак, слична на нејзините операции во Сирија, доколку курдските милитанти се приклучат на копнените борби во Иран, соопштија турски извори. Предупредувањето првенствено се однесува на борците од Курдистанската работничка партија (ПКК) и нејзиниот ирански огранок, Курдистанската партија за слободен живот (ПЈАК), во случај да учествуваат во операции на западот од Иран, наводно со поддршка на Израел.

Според извори, Анкара од почетокот на американските и израелските напади врз Иран на 28 февруари предупредувала повеќе страни за плановите за вклучување на курдски милитанти во конфликтот. Провладиниот весник „Туркије“ објави дека претседателот Реџеп Таип Ердоган во телефонски разговор со американскиот претседател Доналд Трамп кратко по почетокот на војната рекол дека Турција нема да прифати употреба на „терористички организации“ во нападите врз Иран.

Претставништвата на турското министерство за надворешни работи и разузнавачките служби подоцна ја пренеле истата порака до службениците во ирачкиот регион Курдистан: „Ќе интервенираме како што тоа го направивме во Сирија“, додадоа изворите.

Покрај тоа, затворениот лидер на ПКК, Абдула Оџалан, исто така го предупреди раководството на групата во ирачките планини Кандил да не наседнуваат на „израелските игри“, порака што, според изворите, ја промени динамиката во регионот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ