Ова е најголемото руско воено распоредување во соседната земја од крајот на Студената војна.
„Русија распореди сили за специјални операции Спезназ, борбени авиони СУ-35, ракети Искандер со двократна способност и системи за противвоздушна одбрана С-400“, изјави Столтенберг денеска во Брисел, цитиран од Ројтерс.
Терминот двократна способност, кој Столтенберг го употреби за ракетите Искандер, се користи за опишување оружје наменето за конвенционална и нуклеарна војна.
„Сето ова ќе биде комбинирано со годишната вежба на нуклеарните капацитети на Русија“, додаде Столтенберг.
Шефот на НАТО ја повика Русија да преземе акција за „деескалација“ на ситуацијата и ги повтори предупредувањата дека „секоја понатамошна руска агресија ќе има тешки последици и ќе носи висока цена“.






