Министерот за надворешни работи Корчок изјави за новинарите дека одлуката не е донесена, дека ситуацијата се развива и дека Словачка, земја-членка на НАТО, во моментов нема став за ова прашање, пренесува Ројтерс.
Британскиот ТВ-канал Скај њуз вчера објави дека НАТО ја разгледува можноста 1.000 војници да бидат испратени во Романија, Бугарија, Унгарија и Словачка, јави агенцијата ТАСР.
По дводневната седница на државниот совет за безбедност, Корчок рече дека очекува советот за безбедност да се состанува почесто со оглед на ситуацијата.
Сојузниците на НАТО испраќаат повеќе бродови и авиони за „зајакнување на одвраќањето и одбраната“ во Источна Европа додека Русија „продолжува со военото засилување во и околу Украина“, објави организацијата во понеделникот.
Словачкото министерство за одбрана соопшти дека за секоја одлука за распоредување странски трупи во Словачка ќе биде потребно одобрение од владата и парламентот.