недела, 29 март 2026

НАТО: Путиновата нуклеарна наредба е опасна и неодговорна

Објавено на

часот

Сподели

Тоа ја зголемува агресијата на рускиот лидер над Украина, вели Јенс Столтенберг.

„Ова е опасна реторика. Ова е неодговорно однесување“, рече за Си-ен-ен генералниот секретар на НАТО.

„Се разбира, кога ќе ја искомбинирате оваа реторика со она што тие го прават на терен во Украина – водат војна против една независна, суверена нација, спроведувајќи целосна инвазија на Украина – ова ја зголемува сериозноста на ситуацијата“, рече тој.

Претседателот Владимир Путин денеска ги стави силите за нуклеарно одвраќање на земјата во „специјална“ готовност.

„Западните земји не само што преземаат непријателски акции против нашата земја во економската област. Зборувам за нелегитимните санкции за кои на сите им е добро познато. Но првите луѓе на водечките земји на НАТО даваат и агресивни изјави и против нашата земја“, рече Путин.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ