среда, 11 февруари 2026

НАТО ја започна мисијата Арктички стражар

НАТО во среда објави дека започна нова мисија за зголемување на безбедноста на Арктикот наречена „Арктички стражар“.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

„Арктички стражар ја нагласува посветеноста на Алијансата за заштита на своите членки и одржување на стабилноста во една од стратешки најважните и еколошки најпредизвикувачките области во светот“, рече врховниот командант на сојузничките сили на НАТО за Европа, американскиот генерал Алексус Гринкевич.

НАТО почна да ја планира мисијата по состанокот меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и генералниот секретар Марк Руте минатиот месец во Давос. По таа средба, Трамп ги повлече заканите за царини врз европските земји и ја исклучи употребата на сила за преземање на контролата врз Гренланд.

Руте и Трамп се согласија во Давос дека НАТО треба да преземе поголема одговорност во Арктикот, со оглед на руските и кинеските амбиции во областа.

Заканата на Трамп дека ќе го заземе Гренланд предизвика најголема криза во НАТО од неговото основање во 1949 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ