понеделник, 8 декември 2025

НАТО и Русија денес почнуваат преговори околу Украина

Објавено на

часот

Сподели

Двете страни ќе се сретнат во рамки на Советот НАТО-Русија, прв од 2019, во седиштето на воениот пакт во Брисел.

На врвот на агендата на НАТО се неговите стравови дека Русија се подготвува за нов упад на украинска територија, по анексијата на црноморскиот полуостров Крим во 2014. Десетици илјади руски војници се распоредени во близина на границата во последните месеци.

Се очекува Москва за возврат да ги изнесе своите безбедносни барања. Русија бара гаранции дека НАТО нема да се шири понатаму на исток, дека ќе ги намали силите и оружјето во Европа, како и дека Украина никогаш нема да влезе во НАТО, што е главната црвена линија на Москва.

Очекувањата од денешните разговори се мали, а генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг претходно неделава изјави дека договор за нови состаноци би бил позитивен исход.

Средбата следи по риско-американските преговори во понеделникот во Женева кои двете страни ги опишаа како конструктивни, но не донесоа конкретни резултати.

НАТО истиот ден во Брисел одржа разговори со Киев за да се подготви за денешниот состанок со Русија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ