вторник, 10 март 2026

НАТО го распореди системот „патриот“ во Турција поради иранската закана

Турција денес објави дека американскиот систем за воздушна одбрана „патриот“ е распореден во југоисточна покраина како дел од „засилените мерки за воздушна и ракетна одбрана“ на НАТО.

Илустрација: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Поради неодамнешните настани во нашиот регион, се преземаат неопходни мерки за заштита на нашите граници и воздушен простор, и ние сме во консултација со НАТО и сојузниците“, објави турското Министерство за одбрана на Икс.

Тие додадоа дека, покрај националните мерки, НАТО ја зајакна воздушната и ракетната одбрана и дека во тие рамки системот „патриот“ моментално се наоѓа во Малатја и се подготвува за оперативна подготвеност за поддршка на заштитата на турскиот воздушен простор.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган претходно го предупреди Иран да не презема понатамошни „провокативни чекори“ откако балистичка ракета влезе во турскиот воздушен простор.

Неговите коментари, објавени од државната агенција Анадолу, дојдоа откако турското Министерство за одбрана соопшти дека балистичка ракета испукана од Иран влегла во турскиот воздушен простор пред да биде пресретната од системите за воздушна и ракетна одбрана на НАТО во источен Медитеран.

Иран оттогаш негираше дека испалил ракета кон Турција. Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи Есмаил Багаеи посочи дека станува збор за „операција под лажно знаме“, но не обвини ниту една конкретна земја.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ