Отворањето ќе се случи пет години откако камен темелникот го положи турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
„Ќе дојдат нашите партнери од Јужна Кореја, доаѓа и премиерот, а чекаме потврда од претседателот“, кажа Ебру Ездемир, шефот на управата на компанијата Лимак холдинг која тукушто ја завршува изградбата на мостот.
Тој објасни дека трошокот од предвидените 2,8 милијарди евра пораснал на 3,1 милијарда.
Како причина за поскапувањето Ездемир ги наведе нарушувањата кои во набавката ги предизвика пандемијата на коронавирусот.
„Гарантирам дека мостот и автопатот кој води до него не можеа да се направат за помалку пари“, кажа тој и додаде дека мостарината веројатно ќе биде 15 евра.
Освен мостот, се градат и 85 километри автопат, од кои 75 километри на авропска и 10 километри на азиска страна.
Освен што ги спојува двата континенти, овој мост го издвојува и најдолгиот распон во светот, кој меѓу двата главни пилони (високи 318 метри) се протега со должина од дури 2.023 метри. Тоа е 32 метри подолго од сè уште актуелниот рекордер, висечкиот мост Акаши Каикјо во Јапонија, завршен во 1998 година. Значи, ако го гледаме главниот распон, станува збор за најголемиот висечки мост во светот.
Вкупно мостот 1915 Чанакале ќе биде долг 3.563 метри, а со приодните вијадукти ќе достигне должина од 4.608 метри.
Предвидено е да има три возни траки во секоја насока, заедно со тротоарите кои ќе ги користат работниците за одржување на мостот. Инаку, должината на главниот распон од 2.023 метри има симболика, бидејќи ја претставува годината кога ќе се слави 100-годишнината од Република Турција, основана од Мустафа Кемал Ататурк.
Симболиката не престанува тука. Самиот назив на мостот 1915 Чанакале е оддавање почит на битката за Галиполе од Првата светска војна (која Турците ја викаат Чанакале Савашлар според местото каде што се случила битката), во која Турција ги порази оружените сили на Антантата, главно од тогашната Британска империја.
[video:https://youtu.be/zKk8Cq_j4E0 autoplay:0]





