„Штом бидат разработени меѓусебните противправни формати, ќе биде закажан состанокот, поточно четвртата рунда преговори. Тоа би можело да биде утре, задутре“, кажа денес Подољак во интервју за Белта, белоруската државна новинска агенција.
„На преговарачката маса сега се разни предлози, ги има многу, има десетина предлози, меѓу другото и за политичко решение и, што е најважно, за военото. Мислам на прекин на огнот, формула за прекин на огнот и за повлекување на трупите“, кажа тој.
Додаде дека двете страни сега се обидуваат спорните прашања да ги спакуваат во правни формати.
Пред шест дена заврши третата рунда преговори меѓу делегациите на Русија и Украина во Белорусија.
Иако беше планирано двете страни да разговараат за три групи прашања – внатрешните политички решенија, меѓународните хуманитарни аспекти и воените прашања, постигнат беше само мал напредок околу организацијата на хуманитарните коридори.






