вторник, 31 март 2026

НАСА потврди дека Русите ќе го вратат дома американскиот астронаут

Објавено на

часот

Сподели

Џоел Монталбано, програмскиот менаџер на НАСА, кажа дека може да се потврди дека американскиот астронаут се враќа на Земјата.

„Марк се враќа дома. Во комуникација сме со нашите руски колеги. Нема никакви нејаснотии“, кажа Монталбано.

Тој истакна дека астронаутите биле „свесни што се случува“ во светот, но дека и понатаму работат како тим.

Првично се мислеше дека Марк Ванде Хеј, кој во вселената беше 355 дена и забележа нов американски рекорд, би можел да биде оставен во вселената поради засилените тензии околу инвазијата на Русија на Украина.

Руската вселенска агенција Роскосмос соопшти во понеделникот дека американскиот астронаут ќе се врати на Земјата на 30 март, како што е планирано.

Шефот на руската вселенска агенција Роскосмос Дмитриј Рогозин претходно предупреди на санкциите кои предизвикуваат технички проблеми на меѓународната вселенска станица, но Монталбано кажа дека сите активности се одвиваат без проблеми.

„Овие активности траат 20 години и ништо не се сменило во последните три недели. Нашите контролни центри работат успешно, беспрекорно“, кажа тој.

САД го контролираат напојувањето и одржувањето на животот на станицата, а Русија меѓу другото го контролира погонот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ