Меѓутоа, агенцијата наведе дека сепак работи на решенија без помош на Русија.
„Во моментов работиме мирно во вселената. Немаме индикации, на оперативно ниво, дека нашите колеги не се посветени на продолжувањето на тековните операции на Меѓународната вселенска станица“, наведе НАСА и додаде дека американскиот и рускиот тим „разговараат едни со други“.
Русија е од суштинско значење за правилното функционирање на ИСС, бидејќи се користат руски вселенски бродови.
„Разгледуваме како би можеле да додадеме други можности“, додаде НАСА.
Руската вселенска агенција Роскосмос соопшти минатиот викенд дека агенцијата, поради економските санкции против Русија, ќе ги прекине лансирањата од вселенската база во Француска Гвајана.






