понеделник, 8 декември 2025

Нападот врз Украина е можен многу брзо, рече американскиот државен секретар

Објавено на

часот

Сподели

Русија рече дека тензијата околу Украина се зголемува и дека сѐ уште го чека писмениот одговор на нивните барања за гаранциите за безбедност од Западот. Песимистичките изјави го нагласија јазот меѓу Вашингтон и Москва, додека Блинкен се подготвува за средба со рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, в петок, која еден руски аналитичар за надворешна политика ја нарече „веројатно последната станица пред судирот на возовите“.

На дипломатите во американската амбасада во Киев Блинкен им рече дека Русија нема причина да ги трупа своите сили на украинската граница.

„Знаеме дека има планови за зголемување на бројот на воените сили за многу кратко време и дека тоа на претседателот Владимир Путин му овозможува понатамошно агресивно дејство против Украина во краток рок“.

Русија, исто така, испрати војници и во Белорусија, на, како што вели, заеднички воени вежби, што ѝ дава можност да ја нападне соседна Украина од север, исток и југ. Кремљ ги отфрла обвиненијата за напад врз Украина и предупредува дека тензиите растат поради испораката на оружјето на Украина, воените маневри и летови на авионите на НАТО, на што меѓународните партнери треба да обрнат внимание.

Владимир Фролов, поранешен руски дипломат и сегашен политички аналитичар, оцени дека Москва нема да ја задоволи понудата за преговори за контрола на вооружувањето, но ќе побара сеопфатно преуредување на европскиот безбедносен поредок.

„Средбата на Лавров и Блинкен веројатно е последната фаза пред судирот на возовите. Надежите се мали, позициите се неусогласиви“, оцени Фролов. Опишувајќи ги руските воени аранжмани во Белорусија како огромна ескалација, Фролов ја изнесе својата проценка на кризата.

„Мислам дека сега е неизбежна некој вид воена опција“, рече тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ