понеделник, 2 март 2026

Нападнат еден од најголемите нафтени центри во светот (ВИДЕО)

Според првичните извештаи, Иран започнал напади врз нафтени постројки во Саудиска Арабија. Со дроновите „шахед“ е нападнат објект на компанијата „Арамко“ во Рас Танура, локација која се смета за една од најголемите нафтени центри во светот.

Фото: принтскрин

Објавено на

часот

Сподели

Набргу потоа, рафинеријата за нафта „Сауди Арамко“ ги прекина операциите, јави Скај њуз Арабија.

Рас Танура е еден од најважните енергетски центри во светот – сместен на источниот брег на Саудиска Арабија и служи како главен терминал за извоз на сурова нафта.

Овој објект го вклучува еден од најголемите нафтени терминали и рафинериски комплекси на планетата, со огромен капацитет за преработка и транспорт на нафта со танкери до Азија, Европа и САД, и долго време е клучна алка во глобалните енергетски текови.

Поради својата стратешка улога во снабдувањето со сурова нафта и рафинирани производи, секое нарушување на работењето во операциите на Рас Танура може да има сериозни последици за глобалниот пазар.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ