Самред преработува повеќе од 400.000 барели нафта дневно, пренесува Асошиејтед прес.
Беспилотни летала денес погодија и две рафинерии во Кувајт.
Кувајтската корпорација за сурова нафта (КПК) во соопштение наведува дека по нападот утрово, избувнале пожари во некои оперативни единици на рафинериите Мина Ал-Ахмади и Мина Абдула, кои биле успешно изгаснати.
Компанијата наведе дека никој не е повреден и додаде дека се превземени сите потребни мерки за безбедна и стабилна работа во нејзините објекти.
Кувајт неодамна објави дека неговата Национална гарда соборила пет ирански беспилотни летала.
Во текот на ноќта, иранските воздушни напади оштетија наоѓалиштата на природен гас во Катар и Обединетите Арапски Емирати.






