сабота, 28 февруари 2026

Напад на Дубаи: Луксузен хотел во пламен (ВИДЕО)

Министерството за одбрана на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) денес објави дека пресретнале нов бран ирански ракети насочени кон ОАЕ.

Фото: Скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Како што се гледа на видеата на социјалните мрежи, ракета го погоди Палм Џумеира, познат остров во Дубаи.

Експлозии се слушнале во неколку делови од Дубаи, според првичните информации, тие можеби биле предизвикани од пресретнати ракети, пренесува Ал џезира.

Снимките на социјалните мрежи покажуваат чад како се издига од Палм Џумеира.

ОАЕ соопштија дека го задржуваат „целосно правото да одговорат на иранскиот напад“ откако беше потврдено дека земјата била погодена од повеќе ирански балистички ракети, од кои неколку биле успешно пресретнати.

„Министерството за надворешни работи најостро го осуди овој напад, нагласувајќи категорично отфрлање на нападите врз цивилни објекти, постројки и национални институции. Нагласуваме дека ваквите дејствија претставуваат опасна ескалација и кукавички чин што ја загрозува безбедноста и сигурноста на цивилите и ја поткопува стабилноста“, се вели во соопштението, според Ал џезира.

Министерството нагласи дека овој напад претставува очигледно кршење на националниот суверенитет и меѓународното право и дека државата го задржува целосното право да одговори на оваа ескалација и да ги преземе сите потребни мерки за да ја заштити својата територија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ