Регионалниот функционер на Запорожје, Иван Федоров, изјави дека загинале мажи i жена, а две деца се повредени.
Руско беспилотно летало, рече тој, утрово погоди приватна куќа.
Нападот се случи пред очекуваните разговори меѓу САД и Украина, за кои украинските државни медиуми објавија дека ќе се одржат подоцна во текот на денот во Мајами.
Поголемиот дел од од регионот Чернихив остана без струја
Поголемиот дел од северниот украински регион Чернихив остана без струја во саботата по нападот со руски дрон, изјави регионалниот гувернер Вјачеслав Чаус. Тој рече дека се работи на санирање на штетата. Регионот, кој се граничи со Русија и Белорусија, имал население од речиси еден милион жители пред војната.
Главниот град на регионот, Чернихив, беше целосно без струја, соопшти градската управа. Русија за време на војната спроведе обемна кампања на бомбардирање на украински енергетски објекти, предизвикувајќи редовни, повеќечасовни прекини на струја низ целата земја.






