сабота, 20 декември 2025

Најмалку 11 жртви во тајфунот Буалој што го погоди Виетнам (ФОТО+ВИДЕО)

Бројот на жртви од тајфунот Буалој во Виетнам се искачи на 11, а околу 20 лица се водат како исчезнати, соопшти штабот за управување со природни катастрофи.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Најмалку девет лица загинаа во торнадо предизвикано од тајфунот што ја погоди северната провинција Нин Бин, додека две лица загинаа во северните провинции Тан Хоа и Хуе, соопштија властите.

Буалој рано денес стигна до копното, предизвикувајќи бранови високи до осум метри, според националната метеоролошка агенција.

Седумнаесет рибари се водат како исчезнати откако огромни бранови удриле во два рибарски брода во близина на покраината Куанг Три, додека со друг рибарски брод бил изгубен секаков контакт.

Тајфунот се движел преку покраината Нге Ан кон Лаос, при што максималната брзина на ветерот ослабела од 117 км/ч на 74 км/ч кога стигнал до копното.

Буалој досега оштетил 245 куќи, поплавил речиси 1.400 хектари ориз и други култури и оневозможил пристап до повеќе области.

Во извештајот не се споменуваат големи штети на индустриските капацитети, иако има некои големи фабрики на или во близина на рутата на Буалој.

Стотици летови се откажани или одложени бидејќи четирите аеродроми во централните покраини биле затворени.

Циклонот донесе обилни дождови во поголемиот дел од Виетнам од саботата, а властите предупредија на ризик од ненадејни поплави и лизгање на земјиштето.

Со долга крајбрежна линија свртена кон Јужното Кинеско Море, Виетнам е подложен на тајфуни кои често се формираат источно од Филипините, каде што минатата недела загинаа најмалку 10 лица.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ