петок, 12 декември 2025

Најголемиот црн брусен дијамант вчера беше продаден за 3,8 милиони евра (ФОТО+ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Се верува дека реткиот црн или карбонадо дијамант се формирал кога во Земјата удрил метеорит или астероид пред повеќе од 2,6 милијарди години.

Дијамантот од 555,55 карати достигна цена од 3,16 милиони фунти на онлајн аукција организирана од познатата лондонска аукциска куќа Сотби.

Карбонадите обично се наоѓаат во близина на површината на Земјата, што укажува на нивното вонземско потекло.

„Се смета дека овој специфичен тип на црн дијамант потекнува или од удари од метеори што произвеле природно таложење на хемиска пареа или е од вонземско потекло – од експлозии на супернови што формирале астероиди со дијаманти, кои на крајот се судриле со Земјата“, соопшти аукциската куќа.

Дијамантот е еден од најтешките материи за сечење.

На експертите им требаа три години за суровиот дијамант да го претворат во скапоцен камен од 55 бруса, а неодамна беше прикажан во Дубаи, Лос Анџелес и Лондон.

Неговата форма е инспирирана од блискоисточниот симбол на моќ и заштита во облик на дланка, Хамса, кој исто така се поврзува со бројот пет.

„Големината, обликот и изворот на дијамантот Енигма го прават уникатен и неверојатен“, рече Тобиас Корминд, извршен директор на Мејфер, најголемата онлајн-златарница во Европа.

„Повеќето дијаманти се исечени во една од 10-те популарни форми, но обликот на Енигма потсетува на рака.“

[video:https://www.youtube.com/watch?v=oSa1GI1ekVI autoplay:0]

Енигма не е дијамант со квалитет на скапоцен камен, а карбонадото обично не се користи во накит ниту се продава на аукција, но неодамна стана популарно.

Тие најчесто се користат во индустриското дупчење поради нивната исклучителна тврдост.

Сотби го нарече дијамантот „вселенско чудо“ пред продажбата, на која беа прифаќани и понуди во криптовалути.

Минатата година во Хонг Конг дијамантот Ки 10138 беше продаден за 12,3 милиони долари, платен во криптовалута.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ