Ларс Финдсен, кој е шеф на данската воено разузнавачка служба од 2015 година, но е на отсуство од 2020, бил уапсен на почетокот на декември, пренесе весникот Политикен и додаде дека на судењето пред да биде затворено за јавноста се изјаснил дека не е виновен за делата кои му се припишуваат.
Данските власти на 9 декември соопштија дека уапсиле четири лица, меѓу кои поранешни и сегашни припадници на две разузнавачки служби, но не ги открија идентитетите на уапсените.
Тие лица, меѓу другото, се обвинети дека „неовластено откриле високо доверливи информации на разузнавачките служби“.
Три лица од тогаш се пуштени на слобода освен Финдсен.
Истрагата се води зад затворени врати, додека локалните медиуми пренесоа дека случајот се однесува на истекување доверливи информации на данските медиуми.






