понеделник, 8 декември 2025

На Косово запленета опрема за копање криптовалути која троши струја колку 500 куќи

Објавено на

часот

Сподели

Мурати кажа дека по сегашните увозни цени на струјата овие уреди трошат струја во вредност од 60 илјади до 120 илјади евра месечно.

„За ова зборуваме кога велиме дека не можеме да дозволиме нелегално богатење на некои, на трошок на даночните обврзници“, напиша Мурати на Фејсбук.

Косовската полиција ја почнала утринава акцијата за одземање на опремата која служи за копање криптовалути, во рамки на која во општината Лепосавиќ се одземени 272 такви уреди, соопшти полицијата.

„Во оваа акција, која почна во раните утрински часови, ангажирани беа единици од различни профили на полицијата кои ѝ дадоа поддршка на царината на Косово во вршење контрола на северот на земјата, во селото Требице, во општината Лепосавиќ, каде се одземени 272 различни антиминери, уреди кои се користат за производство на биткоини“, се наведува во соопштението.

Владата на Косово во текот на минатата година донесе одлука за забрана за копање криптовалути, поради енергетската криза на Косово.

Од јуни 1999 година жителите на северот на Косово не ја плаќаат потрошената електрична енергија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ