понеделник, 8 декември 2025

На Германија ѝ недостасуваат работници. Министер: Имаме 300.000 слободни работни места

Објавено на

часот

Сподели

„Имаме 300.000 слободни работни места. Очекувајте тоа да се зголеми на милион и повеќе“, рече лидерот на Зелените, Хабек на прес-конференција.

„Ако не ја пополниме таа дупка, ќе имаме вистински проблеми со продуктивноста“, додаде тој.

„Се разбира, тоа значи поквалификувана работа, обука и подобри можности за вработување и подобри можности за семејствата, но во Германија тоа секако значи и зајакнување на имиграцијата во сите области – за инженери, занаетчии, негуватели. Сè уште треба да го организираме тоа“, рече Хабек, вицеканцелар на коалициската влада предводена од социјалдемократот Олаф Шолц.

Германскиот економски институт проценува дека бројот на работници годинава ќе се намали за повеќе од 300.000 поради пензионирање.

Се очекува во 2029 година бројот на работници да се намали за повеќе од 650.000, така што на пазарот на трудот во 2030 година ќе има недостиг од околу пет милиони работници.

Бројот на вработени Германци се искачи на речиси 45 милиони во 2021 година, и покрај пандемијата на ковид-19.

По деценија ниска стапка на наталитет, недостигот на работна сила е демографска темпирана бомба за германскиот пензиски систем кој ќе треба да финансира се помал број работници, додека бројот на пензионери кои живеат се подолго се зголемува.

Владејачките партии се согласија за време на преговорите за формирање коалиција да ги намалат пречките за увоз на квалификувана работна сила, истовремено зголемувајќи ја минималната саатница на 12 евра.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ