недела, 14 декември 2025

На 37 американски разузнавачи им се одземени овластувањата поради тврдења за руско мешање во изборите

Директорката на Националната разузнавачка служба на САД Тулси Габард изјави дека им ги поништила безбедносните дозволи на 37 сегашни и поранешни разузнавачки експерти, обвинувајќи ги за политизирање и манипулирање со разузнавачки податоци.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Габард во објава на социјалните мрежи изјави дека потегот е направен на барање на претседателот Доналд Трамп. Таа повеќе пати тврдеше дека американската разузнавачка заедница е политизирана, а минатиот месец Министерството за правда на САД најави создавање работна група за истрага на нејзините тврдења.

Трамп одговори на неодамнешните коментари на Габард во кои се закани дека ќе ги пријави претставниците на администрацијата на поранешниот демократски претседател Барак Обама во Министерството за правда за кривично гонење поради разузнавачки проценки за руско мешање во американските избори.

Републиканецот Трамп го обвини Обама, без да даде докази, дека предводи обид за лажно поврзување со Русија и да ја поткопа неговата претседателска кампања во 2016 година. Портпаролот на Обама ги отфрли тврдењата на Трамп, велејќи: „Овие чудни обвинувања се смешни и слаб обид за одвлекување на вниманието“.

Габард тврди дека во 2016 година постоел „предавнички заговор“ од страна на високи функционери на Обама за да го поткопаат Трамп, тврдења што демократите ги нарекоа лажни и политички мотивирани. Трамп победи на изборите во 2016 година.

Проценката на американската разузнавачка заедница објавена во јануари 2017 година покажа дека Русија, користејќи дезинформации на социјалните мрежи, хакирање и ботови, се обидела да ја поткопа претседателската кампања на демократската кандидатка Хилари Клинтон и да го поддржи Трамп.

Во проценката се заклучува дека вистинското влијание веројатно било ограничено и дека нема докази дека напорите на Москва го промениле исходот од гласањето. Русија негираше дека се обидела да се меша во американските избори.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ