Таа ги нарече дезинформации тврдењата на Киев за ризик од нуклеарната централа во Чернобил откако контролата ја преземаа руските трупи, пренесува ТАСС.
Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија ИАЕА Рафаел Гроси кажа дека нивоата на радијација во четирите нуклеарни централи во Украина се нормални.
Осум од 15-те реактори во земјата продолжуваат да работат, вклучувајќи два во нуклеарната централа Запорожје, три во нуклеарната централа Ривне, еден во Хмељницки и два во Јужноукраинската нуклеарна централа, соопшти агенцијата.
ИАЕА соопшти дека Украина ја известила агенцијата за губењето на контролата над нуклеарната централа во Чернобил, која ја зазедоа руските трупи, како и за преминувањето на нуклерната централа Запорожје под руска контрола.
Забележано е и гранатирање на складишта на нуклеарен отпад во Киев и во близина на Харков, но во моментов не постои опасност од ширење на радијација. Гроси во контекст на воената инвазија на Руската Федерација повика на осигурување безбедност на украинските нуклеарни објекти од непријателствата за да се спречи нуклеарна контаминација.






