сабота, 14 март 2026

Москва: Руски пункт на границата со Украина погоден со артилериска граната (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Стражарски пункт на границата меѓу Русија и Украина е погоден од проектил лансиран од другата страна на границата, објави руската главна безбедносна агенција, во услови на влошување на воениот судир во соседниот регион Донбас.

Во соопштението објавено во понеделникот, официјални лица од прес-службата на ФСБ објавија дека „на 21 февруари, во 9:50 часот, граната од непознат тип, испукана од украинска територија, целосно го уништи местото на работа на чуварите од граничниот оддел на Федералната служба за безбедност на Русија во Ростовската област“.

ФСБ соопшти дека постот се наоѓа на околу 150 метри од руско-украинската граница. Нема информации за жртви, а се вели дека на местото се донесени специјалисти за експлозиви за да се осигурат дека е безбедно.

Видеото споделено од агенцијата покажува нешто што изгледа како уништена градба во изолирана област блиску до линијата на демаркација, опкружена со дрвја и полиња. На видеото не може да се видат други оштетувања или објекти.

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ