„Русија внимателно ги проверува информациите кои сугерираат дека се регрутираат платеници во регионот Донбас од самопрогласеното Косово, Албанија и Босна“, каѓа Лавров на конференција за медиумите.
„Германскиот канцелар Олаф Шолц и сите други лидери на НАТО велат дека алијансата е дефанзивна. Рускиот претседател Владимир Путин на конференцијата за новинари по разговорот со Шолц потсети на бомбардирањето во 1999 година. Шолц кажа дека НАТО интервенирало за да спречи геноцид над косовските Албанци, дека сè е направено успешно и дека сега овој регион цвета“, кажа Лавров.
Како што кажа, регионот е всушност далеку од цветање.
„Косово и некои други делови на Западниот Балкан стануваат легло на криминал. Има терористи, дилери на дрога. Тука е и регрутирањето платеници кои учествуваат во конфликти кои постепено се разгоруваат“.
? #LIVE: Russian Foreign Minister Sergey Lavrov and Greek Foreign Minister @NikosDendias hold a joint press-conference following talks in Moscow ????https://t.co/HU0rnLBsXN
— MFA Russia ?? (@mfa_russia) February 18, 2022
Претходно месецов разузнавачки податоци од Донбас покажаа присуство на британски и полски платеници кои се борат на линијата на фронтот во источна Украина.
Регионот е турнат во граѓанска војна од пролетта 2014 година, по државниот удар во Киев поддржан од САД и Европската Унија.






